ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Крема за интензивна обнова и зајакнување на екстремно оштетена коса која е порозна и склона кон пукање како резултат на честите хемиски третмани и механички оштетувања.
Дејство: Формулата базирана на „Cell Perfector“ технологија со пептиди длабински ја негува и зајакнува косата, ги затвора кутикулите и ја скротува косата, при што обезбедува мазна површина и интензивен сјај. Овој производ ја штити косата од механички оштетувања и штетни надворешни влијанија.
Начин на употреба: Во зависност од должината на косата, се истиснува мала количина на дланката (1 до 3 потисоци). Се нанесува рамномерно на влажна коса, просушена со пешкир или пак на сува коса. Не се измива. Се стилизира по желба.
Ниво на нега 4, pH 3.0 – 4.0.