Регенератор наменет за нежно измивање и нега на виткана коса во еден чекор.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Намена: Регенератор наменет за нежно измивање и нега на виткана коса во еден чекор. Соодветен за следниот тип на виткана коса:
- Дебелина: Нормална до крута, густа коса
- Текстура: Виткана коса
- Дефиниција: Средно дефинирани локни до јасно дефинирани спирални локни –3Б, 3Ц, 4A
Дејство: Овој производ нежно ја измива и негува витканата коса, Формулата со Акварин комплексот, кој претставува мешавина од полиамид-1, хидролизиран кератин и пантенол, обезбедува оптимална хидратација на косата и долготрајна дефиниција на локните, оставајќи ги меки и сјајни. Овој комплекс ја зајакнува косата и ја штити од топлина до 80ºC и пукање.
Начин на употреба: Се нанесува количина од 5 до 10 потисоци со пумпата на влажна коса. Добро се протрива и се остава да делува до 2 минути. Темелно се измива. Се препорачува наизменично користење со Mad About Curls High Foam Cleanser. За максимален ефект, се продолжува со нега и стилизирање на косата со производите од Mad About Curls режимот наменети за регенерирање и текстурирање.